Mајка и тригодишно дете повредени во пожар

Пожарникари / Фото: Архива

Мајка и нејзиното тригодишно дете се згрижени на комплексот клиники „Мајка Тереза“ откако се здобиле со полесни изгореници и вдишале чад од пожар што избувнал во станот кадешто престојувале, во близина на скопската населба Капиштец.

Според полициjата вчера во 9.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христо Смирненски“ избувнал пожар во стан во кој престојувала В.С. (43).

„Во моментот кога избил пожарот во станот се ноѓале Д.В.(31) од Радовиш и нејзиното тригодишно дете кои се здобиле со полесни изгореници и вдишале чад поради што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Пожарот бил целосно изгаснат околу 10.20 часот“, извести денеска МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот