Мајк Тајсон откри шокантни детали за Џејми Фокс: Имаше мозочен удар, не се чувствува добро!

Мајк Тајсон и Џејми Фокс / Фото: EPA

Боксерската легенда Мајк Тајсон (56) откри шокантни детали за здравствената состојба на актерот-оскаровец Џејми Фокс (55).

„Тој не се чувствува добро. Велат дека имал мозочен удар. Немам поим што му се случи“, рекол боксерот, пренесува „Сан“.

Фокс бил хоспитализиран во последните неколку недели, а, неофицијално, моментално се лекува во домашни услови. Кон средината на минатиот месец, семејството на 55-годишниот актер сподели дека тој претрпел медицински компликации поради кои морал да биде хоспитализиран. Тие соопштија и дека Фокс сега е на опоравување, иако не открија за каков здравствен проблем станува збор.

„Би сакале да споделиме дека мојот татко Џејми Фокс доживеа медицинска компликација. За среќа, со брза реакција на лекарите и соодветна медицинска грижа, тој веќе почна да закрепнува. Ние знаеме колку го сакате и ги цениме вашите молитви. Семејството ве замолува за приватност во овие мигови. Ви испраќаме многу љубов, семејството Фокс“, напишаа тие на Инстаграм.

Здравствените проблеми на Фокс предизвикаа проблеми на снимањето на филмот „Back in Action“, во кој ќе ги видиме Џејми Фокс и актерката Камерон Дијаз. Ова ќе биде нејзино прво филмско појавување по деветгодишната пауза.

Сепак, лошата здравствена состојба на Фокс не е единствената пречка што застана на патот на големото враќање на филмската ѕвезда Камерон Дијаз. Имено, неодамна настанал вистински хаос за време на снимањето на филмот, кога била пронајдена неактивирана бомба од Втората светска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот