Љупчо Николовски стана и потписник на сметката на СДСМ

Новиот генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски од денеска е и потписник на сметката на СДСМ и одговорен за материјално-финансиското работење на партијата. Промената е објавена на страната на Централен регистар. Од оваа функција е разрешен Александар Кирацовски. Според статутот на партијата генералниот секретар е и потписник на партиската сметка.

Николовски за нов генерален секретар на СДСМ беше избран на крајот на мај годинава, а одговорен за финансиското работење на партијата станува речиси пет месеци потоа.

Николовски за да ја извршува партиската функција си поднесе оставка од министерското место во ресорот земјоделство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот