Лукашенко: Белорусија разви своја „жива“ вакцина против коронавирусот

фото: ЕПА

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека земјата има развиено своја вакцина против коронавирусот.

– Вчера ја добивме нашата белоруска вакцина во епрувета . Друга, поинаква од онаа што ја купуваме денес. Она што лекарите го нарекуваат жива вакцина, рече Лукашенко.

Лукашенко потсети на негативните реакции што ги доби откако објави дека Белорусија планира да развие своја вакцина.

Тој исто така истакна дека не постои гаранција оти постојната вакцина ќе обезбеди заштита од нови видови на коронавирус.

– И денес имаме вакцини кои работат, (произведени) во рамките на руските технологии и купени од Кина. А утре нашата вакцина, која веќе ја имаме во епрувета, ќе ја приспособиме на кој било иден вид на вирус. Кој знае што ќе се случи утре, рече Лукашенко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот