ЉУБОМОРА НА МОДНАТА ПИСТА: Наоми намерно ја сопнала Тајра, но сега сменила песна

наоми тарја
Фото Профимедиа

Познатата манекенка Тајра Бенкс се потсетила на своите почетоци во модната индустрија, особено на љубомората на Наоми Кемпбел.

Тајра тврди дека Наоми правела сè што може за да ја избрка од модната писта, бидејќи не можела да поднесе уште една црномуреста убавица како конкуренција.

Наоми, според Тајра, правела сè за таа да се чувствува непосакувана во модната индустрија.

„Таа тогаш беше главна, а јас бев само една нова девојка која модата ја учеше од списанија“, изјавила Тајра.

Почетоците ѝ биле доста тешки и болни, токму поради Наоми. Проблеми со другите девојки немала, а на Наоми ѝ пречела уште една црномуреста девојка која се заканува да ја симне од тронот. Во една прилика дури и намерно ја сопнала на модната писта.

Од друга страна, Наоми во интервјуата често изјавува дека е горда што уште една црна девојка (мислејќи на Тарја), гордо чекори во светот на модата.

Што точно е вистина, само тие двете знаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот