ЛШ: Челси или Реал Мадрид, кој ќе биде вториот патник за Истанбул?

epa09164158 Madrid's Karim Benzema (L) in action during the UEFA Champions League semifinal first leg soccer match between Real Madrid CF and Chelsea FC at Alfredo Di Stefano stadium in Madrid, Spain, 27 April 2021. EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Фудбалерите на Челси и Реал Мадрид денеска од 21.00 часот на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон ќе го играат реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Потсетување дека на првиот меч одигран во Мадрид двете екипи одиграа нерешено 1:1, резултат кој можеби повеќе му одговара на англискиот претставник, но Шпанците сигурно нема да се предадат и ќе се обидат да направат комплетен пресврт.

Првиот учесник во големото финале го дознавме вчера кога Манчестер сити го елиминираше ПСЖ и си обезбеди „билет“ за завршната битка за титулата на 29 мај во Истанбул, Турција.

– Предизвик е да се одржи интензитетот на играта во текот на целиот меч. Полуфиналето е голем притисок, мора да играме со многу самодоверба или во спротивно нема да имаме шанси против тим каков што е Реал – рече менаџерот на Челси, Томас Тухел.

Челси би требало да игра во изменет состав без Вернер: Менди, Кристенсен, Тијаго Силва, Ридигер, Азпиликуета, Жоржињо, Чилвел, Хаверц, Пулишиќ.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан имаше големи проблеми со повредите оваа сезона, но повторно неговите играчи се конкурентни на сите фронтови. Не може да смета на дефанзивецот Рафаел Варан, но затоа се враќа опоравениот капитен Серхио Рамос. Можен состав: Куртоа, Валверде, Рамос, Милитао, Марсело, Каземиро, Крос, Модриќ, Асенсио, Бензема, Винисиус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот