ВИДЕО: Војната на богатите ја добија „граѓаните“, Марез го однесе Манчестер сити во финалето во ЛШ

epa09177837 Manchester City's Riyad Mahrez (L) celebrates after scoring the 1-0 lead during the UEFA Champions League semi final, second leg soccer match between Manchester City and Paris Saint-Germain in Manchester, Britain, 04 May 2021. EPA-EFE/PETER POWELL

Екипата на Манчестер сити оствари историски успех, ќе игра во финалето на Лигата на шампионите откако и во вториот полуфинален меч беа подобри од ПСЖ. По победата во Париз од 2:1, овој пат „граѓаните“ славеа со 2:0 и за прв пат ќе играат во финалната пресметка за трофејот во елитното клупско натпреварување.

Херој на „граѓаните“ е Ријад Марез кој ги постигна двата гола и со тоа го елиминира минатогодинешниот финалист. Првиот гол Ријад Марез го постигна во 11. минута откако одбиената топка по шутот на Кевин Де Брујне дојде до него и воопшто немаше проблеми да го совлада Навас.
ПСЖ имаше шанса експресно да се врати во игра но шутот на Маркињос заврши во пречката, додека Анхел Ди Марија шутираше покрај голот на Едерсон.

Во второто полувреме, нешто помирен ритам и јалова иницијатива на ПСЖ, но сите надежи на „светците“ дека ќе успеат да направат пресврт, се урнаа во 63. минута кога Марез повторно го совлада Кејлор Навас и сосема заслужено го однесе својот тим во финалето на ЛШ.
Нервозата во редовите на ПСЖ по примениот гол беше евидентна и тоа резултира со црвен картон на Ди Марија поради газењето на Фернандињо и тоа надвор од теренот.
Противникот на Манчестер сити во финалето кое ќе се игра во Истанбул ќе биде познат утревечер по натпреварот помеѓу Челси и Реал Мадрид. Првиот натпревар заврши без победник, 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот