Лога веќе не бара и други измени на Уставот: Бугарите се приоритет

Фото: Алсат / Министерство за правда

Мнистерот за правда, Кренар Лога, во изјава за телевизијата „21“ вели дека идеите за повеќе измени на Уставот во пакет со внесувањето на Бугарите во највисокиот правен акт произлегле од средбите со повеќе професори и експерти, дека доколку се отвори Уставот, нешто што не се случува често, би било добро да се пополнат и уредат сите празнини кои со години се отворени во Уставот.

Лога вели дека нема никакви недоразбирања во Владата, откако вчера премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи изјавија дека сега не е време за дополнителни интервенции во Уставот.

Министерот сега вели дека приоритет е внесувањето на Бугарите во Уставот.

„Приоритет над приоритетите е преамбулата, да се вметнат сите помали заедници, а доколку се отвори Уставот, како моја предлог идеја беше за сите овие празнини во Уставот на соодветен начин да се најде решение. За сите овие прашања ни треба консензус, јас останувам на ставот и ги повикувам и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за сите прашања поврзани со Уставот и други прашања, нашата врата е отворена“, вели Кренар Лога.

До понеделник, Министерството за правда ќе формира работна група составена од експерти кои треба да започнат со изготвување на содржината на амандманите или самите амандмани. Земјава има рок до ноември да ги реализира уставните измени. Премиерот Ковачевски е убеден дека нема да има доцнење, бидејќи, според него, земјава има европски капацитет за потребните измени.

Сите главни во Владата против идеите на Лога: Не е време за менување на „20 отсто“ во Уставот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот