Ливерпул најавува три засилувања за следната сезона

фото: EPA/EFE

Губењето на титулата во Премиер лигата е најдобар доказ дека политиката на сопствениците да не бидат активни на трансфер пазарот минатата сезона беше погрешна.

Ливерпул има лоша сезона во која повредите одиграа голема улога и во која остана без битка за титулата во Премиер лигата, додека рано испадна во Лигата на шампионите и згора на тоа им виси пласманот меѓу најдобрите четири екипи во Англија. Челси кој се наоѓа на четвртото место на табелата кое носи во ЛШ има четири бодови повеќе од Ливерпул.

Оваа сезона е доказ дека политиката на американските сопственици да не бидат активни на трансфер пазарот минатото лето е погрешна и може да ги чини многу пари бидејќи „црвените“ може да останат и без пласман во Лигата на шампионите.
Поради тоа, се очекува Ливерпул да биде еден од најактивните англиски екипи во летниот преоден рок и да не штеди пари за три засилувања кои му се потребни на менаџерот Јирген Клоп да се врати во трката за титулата.

Според медиумите во Ливерпул, на листата на желби на Клоп има три имиња и највисоко се наоѓа името на капитенот на Лајпциг, Марсел Забицер. Австрискиот репрезентативец игра фантастично сезонава и самиот најави дека сака нов предизвик во кариерата и гледа кон Премиер лигата, каде освен Ливерпул, сериозен интерес пројавува и Тотенхем.
Следно име на списокот е тоа на играчот на Вотфорд, Исмаила Сар.  Клоп уште минатата сезона бараше од своите газди да му го купат Сар, но тие се одлучија за штедење. Волфорд се врати во Премиер лигата, а според најавите од англиските медиуми, подготвен е да го продаде Сар доколку заинтересираните екипи понудат 40 милиони фунти. Освен Ливерпул, сериозен интерес за Сар пројавува и Манчестер јунајтед.
Последниот играч за кој е заинтересиран Клоп е Флоријан Нојхаус од Борусија Менхенгладбах. Се чини дека овој трансфер најлесно ќе се реализира бидејќи и самиот фудбалер кој најави заминување од германскиот тим, сака да игра за Ливерпул.

Според Клоп, со актуелниот кадар, новите три засилувања, и евентуален ангажман на уште еден врвен дефанзивец, Ливерпул повторно ќе биде еден од фаворитите за освојување на титулата во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот