Ливерпул ќе ги решава проблемите со Елмас?

Фото: Official SSC Napoli/Twitter

Елиф Елмас не може да биде задоволен од минутажата која ја има во редовите на Наполи, македонскиот репрезентативец најголем дел од натпреварите ги започнува од клупата за резерви.

Поради таквата ситуација медиумите повторно го поврзуваат со заминување . Сега турскиот „Аксам“ пренесува дека Ливерпул бил подготвен да испрати понуда за неговите услуги. Засега не се откриваат повеќе детали за понудата ниту каков ќе биде одговорот на Наполи.

Тимот на Клоп е во поголема резултатска криза, а проблеми имаат и со повредени фудбалери и затоа се очекува во јануари да бидат активни на трансфер пазарот. Претходно од Наполи истакнуваа дека не се заинтересирани за продажба на Елмас, меѓутоа не е исклучена можноста со адекватна понуда да се промени нивниот став.

Сезонава Елмас во сите натпреварувања одигра 15 натпревари и постигна еден гол, вкупно за Наполи одигра 141 натпревар со учинок од 12 гола и осум асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот