Линдзи Вон по една година ја раскина свршувачката

Instagram

Една од најдобрите скијачки на сите времиња, Линдзи Вон и ѕвездата на НХЛ П.К. Субан ја прекинаа врската и ја раскинаа свршувачката.

Двојката се запозна пред околу три години, а дека се во врска обзнанија во 2018 година. Лани во август потврдија за „Вог“ дека се свршиле.

Во последните три години ПК и јас доживеавме неверојатни моменти заедно“, напиша Вон на Инстаграм.

твитер

Тој е прекрасен и добар човек и некој кој многу го почитувам. Меѓутоа, по долго размислување, одлучивме да одиме напред одделно. Ние секогаш ќе останеме пријатели и неизмерно ќе се сакаме“, додала таа.

Дефанзивецот на Њу Џерси девилс, исто така, ги извести своите следбеници дека повеќе не е во врска со Вон и истакна дека тие секогаш ќе го ценат нивното заедничко време.

Вон (36) се повлече од професионалното скијање минатата година. Таа ја заврши кариерата со 82 победи на Светскиот куп, што е за 20 повеќе од следната најдобра скијачка, Анемари Мозер-Прол од Австрија, а само шведската легенда Ингемар Стенмарк има повеќе победи од неа.

Субан, по потекло од Торонто, важи за еден од најдобрите дефанзивци во НХЛ, пренесува Си-ен-ен.
Вон беше во брак со американскиот скијач Томас Вон, а исто така привлече големо внимание кога беше во врска со Тајгер Вудс.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот