Лига Европа: Металург со 12 ракометари на двомеч со Висла Плоцк

Фото: rkmetalurg.mk

Денеска од 20.45 часот Металург ќе го одигра првиот од двата натпревари во Полска против тамошниот вицешампион во рамките на групната фаза во Лига Европа.

Вториот дуел помеѓу овие две екипи е на програмата во вторник од 18.45 часот. Двете средби ќе ги водат судии од Литванија – Томас Барисас и Повилас Петрусис.

И овојпат „сино-белите“ ќе настапат со мал број на ракометари, вкупно 12, на првиот дуел нема да настапи новото засилување Василије Калуѓеровиќ, но се очекува Црногорецот да бидее во составот за втората средба.

Покрај искусните Дупјачанец, Маркоски, Ѓорѓески, Рниќ и Поповиќ, тука се и младите Серафимов, Калуѓеровиќ, Додиќ, Кофилоски и Митиќ, но и кадетите Петковски (16) и Брестовац (16).

Висла досега одигра пет мечеви во групата, има максимален број на освоени бодови (10) и е голем фаворит против тимот од Автокоманда кој е на последната шеста позиција со еден бод од четири натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот