Личните предмети на Фреди Меркјури продадени за рекордни 46,5 милиони евра: Чешелот за мустаќи достигна сума од 176.000 евра

Фото: Профимедиа

Вкупната заработка од серијата аукции со личните предмети на Фреди Меркјури, кои беа организирани од аукциската куќа „Сотби“, достигна сума од 46,5 милиони евра, што е рекорд за колекција од овој тип, пишува „Пипл“.

На аукциите во сите 15 аукциски куќи на „Сотби“, беа понудени 1.400 предмети од еклектичната колекција на покојниот Фреди Меркјури.

Фото: Guy Bell / Shutterstock Editorial / Profimedia

Овие предмети беа изложени како дел од музејска изложба, што аукциската куќа бесплатно ја отвори за јавноста, со што привлече повеќе од 140.000 посетители за еден месец.

Меѓу предметите што се најдоа на аукциите беше пијаното „Јахама“ на музичарот и сребрениот чешел за мустаќи од „Тифани и Ко“, кој беше продаден за неверојатни 176.000 евра, што ја надмина проценката пред аукцијата од 500 до 750 долари.

Пијаното на Меркјури е продаден за 2 милиони евра (2,2 милиони долари), што исто така е рекордна сума за пијано, иако аукциската куќа првично предвиде дека ќе достигне цена од 2,5 до 3,8 милиони долари.

Фото: Ray Tang/LNP / Shutterstock Editorial / Profimedia

Музичкиот инструмент на поранешниот фронтмен на „Квин“, беше користен за компонирање на едни од најголемите хитови на бендот, вклучително и „Bohemian Rhapsody“, а рачно напишаниот текст за песната исто така достигна неверојатни 1,7 милиони долари. Ракописот од 13 страници, го вклучува работниот наслов на песната „Mongolian Rhapsody”, како и алтернативни строфи.

Фото: Stephen Chung/LNP / Shutterstock Editorial / Profimedia

Сребрената змиска алкa што ја носеше Меркјури во музичкото видео за „Bohemian Rhapsody“ во 1975 година, беше продадена за 881.717 долари што е рекордна цена за парче накит што и припаѓа на една рок-ѕвезда. Ретката училишна книга, потпишана со Фредерик Булсара на предната страна, исто така достигна цена од 88.786 долари. 

Фото: PA Images / Alamy / Alamy / Profimedia

Речиси 42.000 понуди беа поставени во текот на шесте дена, од понудувачи од 76 земји за досега невидените приватни предмети на музичарот.

Колекцијата беше понудена на продажба од Мери Остин, блиска пријателка на Фреди, со која тој извесно време бил свршен, а на крајот ѝ ја оставил својата куќа и целиот свој имот. Таа изјави дека одлучила да ги продаде речиси сите нејзини предмети за да го „затвори ова посебно поглавје во нејзиниот живот“.

Повеќе од 1.400 лични предмети на Фреди Меркјури ќе бидат продадени на аукција во Лондон

Триесет години ја чува неговата тајна: Жената која Фреди Меркјури ја сакал до крајот на својот живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот