Лео Меси прогласен за светска спортска ѕвезда во 2022 година

фото: EPA-EFE/RAUL MARTINEZ

Фудбалерот на ПСЖ и аргентински репрезентативец Лионел Меси е прогласен за светска спортска ѕвезда за 2022 година во изборот на „Би-Би-Си“.

Меси ја освои титулата светски првак со репрезентацијата на Аргентина на неодамнешното Светско првенство во Катар.

Меси беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Катар, а на овој Мундијал постигна седум гола. „Гаучосите“ по подобро изведување пенали ја победија Франција во финалето на Светското првенство.

„Би-Би-Си“ потсетува дека Меси кон другите трофеи ја додаде титулата светски првак, а најголем дел од нив во клупската кариера ги освојуваше со Барселона и ПСЖ.

Седум пати ја освојуваше „Златната топка“ за најдобар играч на годината. Со Барселона освои 35 трофеи и еден со ПСЖ. За аргентинската репрезентација одигра 172 натпревари и постигна 98 голови. Со репрезентацијата минатата година ја освои Копа Америка, а дојде и до златото на Олимпијадата во 2008 година.

Мундијал што го круниса најголемиот – Лионел Меси!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот