Леклер најдобар на квалификациите во Монца (ФОТО)

фото: f1.com

Леклер имаше најдобро време во квалификациите пред неделната трка за Големата награда на Италија на легендарната патека во Монца, пред тандемот на Мерцедес, Луис Хамилтон – Валтери Ботас.

Победникот на претходната трка во Белгија, на патеката во Монца имаше резултат 1:19.307 минута.

Во генералниот пласман моментно кај возачите води Хамилтон со 268 бодови, пред Ботас (203), а „троцифрен“ број на бодови имаат уште само Макс Ферштапен (181), Себастијан Фетел (169) и Леклер (157).

Возачот на Ферари, Шарл Леклер по четврти пат во својата кариера ќе стартува од пол позицијата во Формула 1 шампионатот.

Главната трка од Ф1 шампионатот за Големата награда на Италија е утре со почеток во 15:10 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот