„Л’Eкип“ го прогласи Ѓоковиќ за најдобар спортист во светот за 2023 година

Фото: EPA-EFE/Jorge Zapata

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е прогласен за најдобар спортист во светот за 2023 година во избор на францускиот „Л’Eкип“.

Ѓоковиќ го освои првото место на АТП листата со 876 бодови, додека на второто заврши пливачот Леон Марчанд кој собра 361 бода, трет на листата е најдобриот Формула 1 возач Макс Верстапен.

Во образложението на реномираниот француски медиуми се наведува дека Ѓоковиќ освоил седум трофеи од кои четири на грен-слем турнирите (Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен) и играл финале на Вимблдон. Српскиот тенисер го освои и Завршниот мастерс во Торино и осми пат заврши како најдобар тенисер во светот.

Истото признание од „Л’Екип“ Ѓоковиќ го доби и во 2021 година. Најдобра спортистка во изборот на овој магазин е прогласена Симона Билс која освои 812 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот