Легендарното загревање на Марадона во Минхен (ВИДЕО)

фото: твитер

Аргентинската фудбалска икона ги одушеви навивачите со својот танц во ритамот на светскиот музички хит на австриската група „Опус“.

Во 1989 година Диего Армандо Марадона ги одушеви навивачите на Наполи на Олимпискиот стадион во Минхен, Германија.

Тогаш најдобриот играч на светот, Аргентинецот опуштено се загреваше за полуфиналниот натпревар од Купот на УЕФА (сега Лига Европа) во кој неговиот клуб гостуваше кај Баерн.

И додека неговите соиграчи имаа стандардно загревање, спринтови и вежби за истегнување, безгрижниот Марадона со одврзани копачки ги воодушеви фановите, елегантно танцувајќи со топката и музичкиот хит на австриската група „Опус“, „Live is Life“.

Инаку, Наполи таа година го освои Купот на УЕФА, во Минхен мечот заврши 2:2, а пред тоа во Италија славеше калчолигашот со 2:0.

Во големото финале (на два натпревари) „наполитанците“ беа подобри од германскиот Штутгарт (2:1, 3:3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот