Леброн Џејмс одговори на предизвикот од Новак

Најдобриот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ ја предизвика НБА ѕвездата Леброн Џејмс на баскет еден на еден и експресно дови одговор.

„Дали сум подготвен за 1 на 1, Леброн?“, напиша Ѓоковиќ под видеото кое го објави на Инстаграм.

Тој не чекаше долго на одговорот од „кралот“.
„Ха, Мислам дека си. Добар шут“, одговори Џејмс.

Ѓоковиќ моментно се наоѓа во Задар каде игра на вториот хуманитарен тениски турнир „Адриа Тур“, а слободното време го искористи заедно со останатите колеги тенисери да одигра баскет и тоа со кошаркарите на Задар.

Од друга страна, Леброн Џејмс полека започнува со индивидуалните тренинзи во пресрет на продолжението на сезоната во НБА лигата која е закажана за 30 јули во Дизниленд во Орландо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот