Ле Мер: Европа мора да ги отвори очите, ЕУ веќе не може да смета на САД

Францускиот министер за економија, Бруно Ле Мер/ Фото EPA-EFE/ANTÓNIO PEDRO SANTOS

Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер денеска изјави дека кризата поради раскинувањето на договорот за купување подморници покажала дека Европската унија повеќе не може да смета на САД да ја гарантираат нејзината заштита и ги повика Европејците „да ги отворат очите”.

Првата лекција што може да се извлече од оваа епизода е дека Европската унија мора да ја изгради својата стратешка независност.

„Aвганистанската епизода, епизодата со подморниците, покажува дека веќе не можеме да сметаме на САД да ја гарантираат нашата стратешка заштита“ изјави Ле Мер за Франсинфо.

Тој додаде дека САД имаат само една стратешка грижа, а тоа е Кина.

„Нашите европски партнери треба да ги отворат очите“ рече францускиот министер.

Австралија го раскина договорот со Франција откако САД, Австралија и Велика Британија склучија стратешко партнерство во Индо-Пацификот, во кое е вклучено и купување американски подморници.

Како центар на новиот пакт за безбедност, Австралија ќе набави подморници со нуклеарен погон користејќи американска технологија, еднострано раскинувајќи го договорот со Франција за изградба на 12 конвенционални дизел подморници.

Кина ја осуди „крајно неодговорната” продажба на американски подморници со нуклеарен погон на Австралија во рамките на новото партнерство.

Пекинг ги обвини САД, Австралија и Велика Британија дека покажуваат „менталитет на студена војна” и оти користат нуклеарно оружје за геополитички цели.

Бајден и Макрон со обемни консултации ќе ја враќаат меѓусебната доверба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот