Бајден и Макрон со обемни консултации ќе ја враќаат меѓусебната доверба

Џо Бајден и Емануел Макрон на Г7 Самитот во Корнвол/ Фото EPA-EFE/PHIL NOBLE / POOL

Францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот претседтаел Џо Бајден имаа телефонски разговор посветен  на дипломатската криза меѓу Франција и САД. Францускиот амбасадор следната недела ќе се врати во Вашингтон, одлучи Емануел Макрон, 

Шест дена по кршењето на „договорот на векот” меѓу Франција и Австралија и објавувањето на новиот одбранбен пакт „Аукус” меѓу Австралија, САД и Обединетото Кралство, Емануел Макрон и Џо Бајден имаа телефонски разговор. Во заедничка изјава, Џо Бајден и Емануел Макрон најавија „длабински консултации” за да гарантираат „доверба” и признаа дека „отворените консултации би овозможиле да се избегне” кризата меѓу Франција и Соединетите држави.

По овај вонреден разговор, францускиот амбасадор следната недела ќе се врати во Вашингтон, одлучи Емануел Макрон. Бајден, исто така, смета дека е неопходна „посилна” европска одбрана, покрај НАТО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот