Ле Дријан: Британците мораат да се изјаснат, ЕУ нема да дозволи да се продолжи рокот за Брегзит

Жан Инв ле Адријан

Францускиот министер за надворешни Жан Инв ле Дријан, даде свој став во врска со актуелната ситуација за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.

Тој посочи дека Британија нема да добие одобрување од Брисел за продолжување на рокот за Брегзит по 31 октомври.

– Британците мораат да се изјаснат. Ние нема да го продолжување на рокот за Брегзит на секои три месеци – изјавил тој.

Претходно, министерот за финансии на Велика Британија, Саид Џавид, за Би-би-си рече дека британскиот премиер Борис Џонсон сака договор со ЕУ, а не продолжување. Без разлика на целото тоа, премиерот Борис Џонсон тврди дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври, со или без договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот