Лазаров без Манасков и Томовски на Медитеранските игри

фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Ракометната репрезентација на Македонија со денешниот собир и официјало ги започна подготовките за настапот на Медитеранските игри што од 25 јуни до 5 јули ќе се одржат во Оран, Алжир.

Селекторот Кирил Лазаров уште на првиот ден од подготовките е приморан да направи промени бидејќи четворица ракометари го откажаа настапот на Игрите во Оран, тоа се Мартин Томовски и Марко Мишевски од Вардар, Дејан Манасков кој се подготвува за завршниот турнир во Лигатана шампионите како и пикерот Тримо Требње, Милан Лазаревски.

Лазаров повика двајца нови ракометари во репрезентацијата, левиот бек, Теодор Тодески и голманот Иван Галевски и двајцата од РК Алкалоид.

Македонија се наоѓа во групата Б заедно со селекциите на Шпанија, Алжир, Турција и Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот