Курти: Новата Влада ќе ја заживее промената во Косово

Косовскиот премиер Албин Курти денеска информира дека викендот што помина, заедно со 17-те членови на неговиот кабинет, одржал работилница за изготвување на владината програма и планот на дејствување за идното четиригодишно владеење, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку својата официјална страница на Фејсбук, Курти информира дека на четири одделни сесии минатите два дена „детално се разработени стратешките цели, оперативните објективи и мерките кои ќе се преземат”.

– Граѓаните на Косово гласаа за промени. Со нивната волја тие ја овозможија промената, а со нашата работа Владата ќе ја заживее промената. Нашата владина програма ќе ги одрази барањата, правата и потребите на граѓаните, за чие исполнување ќе се ангажираме посветено, порача Курти.

Тој најави дека наскоро, откако технички ќе се финализираат, програмата и планот на дејствување ќе се изнесат на гласање пред Владата, а потоа и пред Собранието за расправа и усвојување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот