Курти: Имаме фрустриран претседател кој се подготвува за изборна кампања

Тој на прес-конференцијата за медиуми рече дека Тачи „треба да ја напушти позицијата (претседател), бидејќи и самиот не е задоволен од својата работа“.

Денес премиерот на Косово, Албин Курти го повика претседателот на Косово, Хашим Тачи, да си даде оставка и да се приклучи на трката со изборите, а во исто време да го почитува Уставот на Косово.

Тој на прес-конференцијата за медиуми рече дека Тачи „треба да ја напушти позицијата (претседател), бидејќи и самиот не е задоволен од својата работа“.

-Нека влезе во кампањата и да види колку гласови ќе добие. Тој сака да биде повеќе од претседател и затоа му треба некој што е помалку од премиерот. Кај мене тоа не може да го најде, бидејќи тоа го покажаа резултатите од изборите кои се одржаа на 6 октомври. Во таа смисла, имаме фрустриран претседател кој се подготвува за изборна кампања. Најдобро, најправедно и најискрено е да си поднесете оставка и да влезе во кампања- рече Курти.

Тој додаде дека институциите не се блокирани, туку дека Косово има „една блокирана фотелја“ и изрази уверување дека Уставниот суд на Косово „нема да дојде во судир сам со себе“, ниту ќе му дозволи на Тачи со Уредби да го напише Уставот.

-Ако има празнини во Уставот, не е дека Тачи не може да ги пополни со своите Уредби. Грешката што тој ја направи е поврзана со неговата фрустрација- рече Курти.

Курти рече дека, како што беше претходно најавено, втората фаза на олеснување на мерките преземени за спречување на ширењето на коронавирусот ќе започне на 18 мај, и дека тоа е направено врз основа на препораките на Националниот институт за јавно здравје на Косово, бидејќи бројот на заразени деновиве се намалува.

Според него, од понеделник, 18 мај, почнуваат со работа фризерските салони, салоните за убавина, стоматолозите, физиотерапевтите, пазарџиите и трговците на мало, гастрономијата во формат „земи со себе“, железничкиот сообраќај, градскиот и меѓуградскиот превоз со посебни дозволи, телефонските центри и со ограничена посета, галериите и музеите.

Во втората фаза, граѓаните ќе можат да се движат еден час повеќе, четири часа дневно, рече Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот