Купувањето на руски гас од ЕУ е зголемено за 40%, Украина реагира-финансирате воени злосторства

Руска нафта /Фото: ЕПА

Европската унија вети дека драстично ќе го намали увозот на гас од Москва поради нејзината инвазија на Украина, но напротив, податоците покажуваат дека купувањето на течен природен гас од руско производство драстично се зголеми.

Како што објави euronews.com според последните податоци објавени од Global Witness (организација за заштита на животната средина) Европската унија купила 21,6 милиони кубни метри руски гас од јануари до јули оваа година, што е мал пораст во споредба со истиот период во 2022 година, кога увозот изнесувал 21,3 mcm.

Но, кога бројката од 2023 година ќе се спореди со истиот период во 2021 година, пред одлуката на Кремљ да тргне во војна против Украина, увозот на руски гас резултира со пораст од 39,5%, што е срамен процент за ЕУ.

Тоа што ги прави работите понепријатни, е фактот дека три земји-членки може да се најдат меѓу петте главни клиенти на руски гас во првите седум месеци годинава. Кина се најде на врвот со 8,7 mcm во набавки, проследена со Шпанија (7,5 mcm), Белгија (7,1 mcm ), Јапонија (7 mcm) и Франција (4,5 mcm).

Дополнително Холандија, Грција, Португалија, Финска, Италија и Шведска исто така беа наведени од Глобал Витнес како актуелни потрошувачи на руски гас.

На оваа тема не истражувале само euronews.com. И politico.eu анализира дека дизелот, керозинот и другите горива рафинирани од руската сурова нафта „на големо“ ја преплавуваат Европа, што пак го натера Киев да повика на заострување на санкциите против Москва.

Во интервју за politico.eu, Олег Устенко, економски советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, апелираше до ЕУ, како и од Обединетото Кралство и САД, да ја затворат „дупката“ што им овозможува на трети земји како Индија, Кина и Турција да ја усовршат сурова нафта купена од државните енергетски фирми во Москва.

Најголем дел од „слаткиот колач“ изеде Индија која купува евтина руска сурова нафта и потоа ја рафинираат – што на локалните компании им овозможува да ја преработат, продаваат па од маржата да оставарт „дебела“ заработка.

Индискиот увоз на руска сурова нафта достигна највисоко ниво од 69 милиони барели во мај, што е речиси десеткратно зголемување од истиот период во 2021 година пред руската инвазија на Украина. Како резултат на тоа, индискиот извоз на производи од гориво во ЕУ вртоглаво порасна. Во јуни, таа извезла 5,1 милиони барели дизел и 3,2 милиони барели авионско гориво во блокот, од само 1,68 милиони барели и 0,51 милиони барели во јуни 2021 година.

Устенко ја издвои Индија, имајќи предвид дека „пред инвазијата, тие купуваа руска нафта, но нивото на нивниот увоз беше минимален, само околу 1 процент од вкупно увезената нафта. Сега е на ниво од речиси 40 проценти, што е навистина драматична промена“.

Овие чекори, според Устенко треба да бидат сигнал за производителите, дека сега е целосно нелегално да се купува руската нафта и да се снабдува режимот со крвавите пари што ги користат за купување оружје и за воени злосторства во Украина“.

Сепак, оваа идеја веројатно нема да најде голема поддршка од Европската Унија , барем во моментов, заклучи Устенко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот