Куп: Еуро Никел 2005 го елиминираше Гостивар

Фото: kfsm.mk

Денеска во четвртфиналето од Купот на Македонија екипата на Еуро Никел 2005 во СРЦ „Кале“ – Скопје успеа да го совлада Гостивар со конечен резултат 84:75.

Во победничките редови по 17 поени имаа Дубински и Мијатовиќ, а по 14 Соколов, Караколев и Рикиќ. На спротивната страна 19 поени имаше Димчевски, еден помалку Тодоровиќ, а 11 беа дело на капитенот Костоски.

Многу подобро почнаа кошаркарите на Еуро Никел 2005, по нецели пет минути реализираа водство од (1:3), што го натера тренерот на Гостивар, Александар Јончевски во раната фаза да потроши тајм-аут. Серијата кавадарчани ја претворија и во двоцифрена предност (15:3).

Костоски стави крај на празните минути за Гостивар. Но, кавадарчани немаа намера да запрат, стигнаа и до „плус 17“ (26:9) во 10 минути од третиот четвртфинален меч.

Фото: kfsm.mk

Во вториот период, екипата од Кавадарци продолжи со доминантната игра. За разлика од нив, Гостивар делуваше доста неорганизирано, пред сè, во фазата на нападот. Одново „сино-белите“ влегоа во празни минути, што Еуро Никел 2005 знаеше максимално да го користи, и да „набилда“ уште повисока позитива. Имаше екипата на тренерот Горан Самарџиев и (35:16).

Но со мини-серија од (11-2), Гостивар се приближи на многу подостижни, (27:37). Но со шут за три поени (1/14), не можеа да ја сведат негативата на едноцифрена. Напротив, кавадарчани имаа комотни (45:31) со кои заминаа на голем одмор.

Само сто секунди поминаа од второто полувреме, ама доволно за екипата од Кавадарци да стигне до максимално водство (53:33), и да најави дека е подготвена за настап и во саботната програма.

Во меѓувреме, гостиварции останаа и без помошта на Вокер, кој не ги надмина проблемите со скочниот зглоб, што уште повеќе им ја олесни работата на кавадарчани во второто полувреме, во кое со секоај одмината минута само ја покачуваа предност, и по истекот на третата четвртина, веќе ја направија недостижна. Имаа (74:44) на истекот на 30.минута од овој нерамноправен дуел.

Ривал на Еуро Никел во полуфиналната пресметка ќе биде Работнички кој претходно го совлада ТФТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот