Кумановец веќе единаесет дена е исчезнат

Македонска полиција / Фото: МИА

Шеесет и осумгодишен кумановец веќе 11 дена се води за исчезнат. МВР ги објави неговите податоци на официјалната страна.

Стојадин Марковски (роден 18.04.1953 година) има 68 години и е од кумановската населба Карпош. Тој во недела, на 14-ти месецов излегол од дома доцна вечерта да чисти снег пред куќата и повеќе не се вратил. Утредента неговите блиски пријавиле во полицијата. Кога излегол од  дома бил облечен во црвена јакна, фармерки и бели патики.

Доколку некој го препознае треба се обрати во најблиската полициска станица или да достави информации на бројот 192.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот