Кубанската амбасада во Париз нападната со молотови коктели

EPA-EFE/WILL OLIVER

Амбасадата на Куба во Париз беше нападната со молотови коктели, соопшти синоќа министерот за надворешни работи на таа земја Бруно Родригез. Во објавата на Твитер, тој не понуди повеќе детали за инцидентот, но го обвини Вашингтон за ширење на насилството.

– Ја сметам за одговорна Владата на САД поради нејзините континуирани кампањи против нашата земја кои го охрабруваат ваквото однесување и за нејзините повици на насилство, кои неказниво се упатуваат од нејзината територија, напиша тој.

Прес службата на Министерството за надворешни работи на Куба подоцна соопшти дека нападот се случил околу полноќ, кога биле фрлени три молотови коктели, од кои два паднале во просторот на амбасадата и предизвикале пожар. Кубанските дипломати го изгаснале пожарот, а на местото на инцидентот веднаш пристигнале француските пожарникари и полицајци.

Повеќе кубански амбасади беа нападнати во последниот период во антивладините протести поради недостигот на храна и високата инфлација, до кои дојде во услови на корона-кризата. Од почетокот на демонстрациите уапсени се голем број новинари и активисти, а најмалку едно лице загина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот