Крвава трагедија во Косово: Маж се вратил од Швајцарија и си го убил семејството

Косовската полиција соопшти дека вечерва во селото Пожаране во општина Витина се случило четирикратно убиство.

Портпаролот на регионалната полиција во Гњилане, Исмет Хашани, рече дека сè уште нема повеќе информации и дека косовската полиција спроведува истрага на местото на настанот.

Локалните медиуми објавија дека Фетах Зука, кој дошол на Косово од Швајцарија за новогодишните празници, со огнено оружје ги убил сопругата, двајцата синови и на крајот извршил самоубиство.

Според сведоштвата на соседите, трагедијата се случила поради нарушени семејни односи.

Соседите раскажуваат дека семејството подолго време имало лоши односи меѓу себе, но се шокирани од свирепоста на таткото, кој ги застрела и своите двајца синови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот