КРВАВ НАСТАН СРЕДЕ ПРИШТИНА: Еден загинат и тројца ранети (ФОТО)

Косовапрес

Во населбата „Мати 1“ во Приштина денеска попладне имало вооружена пресметка. Косовските медиуми првично информираа за четворица ранети лица, но Шпенд Фазлиу од Клиничкиот универзитетски центар на Косово изјавил дека еден од четворицата ранети починал. За другите тројца се грижи медицинскиот персонал во Ургентиот центар.

– Денеска околу 16 часот, добивме информација за истрели од оружје во улицата Мухарем Фејза во Приштина. Веднаш на местото на настанот излегоа полициските единици и наидоа на четири ранети лица. Истите беа испратени на лекување – изјави првично портпаролката на Косовсата полицијата, Флора Ахмети, пренесува Топ Чанел.

Газета Експрес пак дознава од сведоците дека во овој инцидентот биле вмешани татко и син, од кои едниот починал. Причината за настанот се сомнева дека била за имотни прашања.

Според сведоците, двајцата од жртвите се околу 30 годишна возраст, додека изјавиле дека пукањата биле од калашников. Еден од повредените е случаен минувач, кој се обидел да ја смири ситуацијата.

Топ Чанел
Косовапрес
Косовапрес
Косовапрес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот