Крушевчани ќе се тестираат во својот роден град, почна со работа ковид лабораторијата

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Од денеска почна со работа ковид лабораторијата за земање брисеви во Здравствениот дом во Крушево, информираше на фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.

-Граѓаните повеќе нема да одат во другите градови за тестирање, туку во својот роден град. Закажувањето за тестирање се одвива преку матичните лекари и Мој Термин, а двајца вработени од оваа установа ја имаат поминато потребната обука- напиша Филипче.

Во Крушево моментално има активни 70 случаи, а од почетокот на пандемијата заразени се 155 граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот