Кристен Стјуарт поради прељуба изгуби главна улога!

Фотографија: Instagram

Кристен Стјуарт изјавила дека е разочарана поради тоа што не била повикана да глуми во продолжението на филмот „Снежана и ловецот“. Таа не е повикана бидејќи била оптужена за непочитување на друштвените норми откако се открило дека е во врска со режисерот Руперт Сандерс.

Тоа време таа била во врска со Роберт Патинсон кој и беше партнер во сагата „Самрак“, но папараците ја фатија во 2012 како таа го изневерува со Сандерс, поради што таа јавно се извини. Во продолжението „Ловецот и ледената кралица“ глумеше Шерлиз Терон, ѕвездата на првиот филм, а на тоа се додадени и Емили Блант и Џесика Частејн. Но, Кристен не се појави во продолжението и зад себе ја остави улогата на принцеза.

Profimedia

Кристен Стјуарт разговарала за тоа гостувајќи во радиото SiriusXM во емисијата на познатиот водител Хауард Стерн.

„Тогаш живеевме во поинакви времиња. Се чувствував дека оптужувањата за тоа дека сум ги прекршила друштвените норми се апсурдни. Требаа да ми ја дадат улогата во тој филм. Филмот ќе беше уште подобар. Не ми ја дадоа улогата бидејќи бев вклучена во скандал кои беше јавна тема, а тие се плашеа од тоа“, изјавила тогаш Кристен.

Profimedia

Сепак признала дека тоа бил многу тежок период од нејзиниот живот и не знаела како да се сноси со тоа, бидејќи била многу млада. Таа и ден денес не може да се изначуди како возрасни луѓе кои се занимаваат со снимање и продуцирање на филмови ја игнорирале. Таа заклучила дека филмската индустрија во Холивуд се темели на страв.

„Мислам дека се тие идиоти, бидејќи ако малку ризикуваш и направиш нешто добро, луѓето тоа ќе го гледаат, платат и ќе се исплати“, заклучила Стјуарт.

Кристен Стјуарт глуми во новата верзија на филмот „Ангелите на Чарли“ заедно со Наоми Скот и Елом Балинска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот