Кражба во црквата „Свети Јован Богослов“ во тетовско Прељубиште

Во тетовската полиција вчера жител на тетовско Прељубиште пријавил кражба во црквата „Свети Јован Богослов”. Освен кражба на пари, пријавена е и штета при одземањето.

– Вчера 10 декември Л.Ј.(71) од тетовско Прељубиште во СВР Тетово пријавил тешка кражба во црквата во ова село, која била извршена во периодот помеѓу 9 и 10 декември. Според пријавеното, сторителот насилно влегол во црквата и одзел пари. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот – соопшти СВР Тетово.

Првичните сознанија на полицијата се дека се одземени околу 1.000 денари, а поголема е штетата направена при насилно кршење на инвентарот.

-Често пати поголема е штетата отколку одземените износи на пари од црквите. Штетата се прави поради насилното кршење врати или прозорци, како и каси, маси и други предмети каде се чуваат парите собрани од доброволните прилози оставени во црквите од страна на верниците, потенцираат од СВР.

Полицијата евидентираше кражба и во август во „Свети Јован Крстител”, црква лоцирана во месноста „Петачко водиче” на два километра од Беловиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот