Кралицата Елизабета слави 70 години на тронот: Се бара рецепт за „платинест“ пудинг, а ќе има коњи и музичари на настанот!

Кралицата Елизабета/70 години јубилеј
Кралицата Елизабета/70 години јубилеј

Бакингемската палата ја претстави целосната програма на настани за прославата на платинестиот јубилеј на британската кралица Елизабета Втора, со што се одбележуваат 70 години владеење на престолот.

Прославата вклучува и отвoрање на приватниот имот на кралицата, но и настапи на најголемите светски ѕвезди пред Бакингемската палата во Лондон.

Уште нема потврдени информаци на кои настани ќе учествува кралицата лично, бидејќи лекарите и наредија да биде на одмор уште во октомври, минатата година. Таа имаше еден престој во болница и поради тоа треба да мирува. На јубилејниот настан веројатно ќе дојдат сите од кралското семејство, вклучувајќи го принцот Вилијам со сопругата Кејт, војвотката од Кембриџ.

Што ќе се јаде?

Официјалната прослава на јубилеjот започнува во понеделник, кога Fortnum & Mason (ланец маркети) ќе почнат со натпревар во готвење на „најплатинестиот“ пудинг, со што би се нашло соодветното јадење кое ќе биде посветено на владеењето на кралицата. Рецептите ќе ги оценува стручно жири, вклучувајќи ги и ѕвездите од кулинарското шоу Great British Bake Off Mary Berry.

Во периодот до 15 мај, се очекува да има преку 500 коњи и 1000 изведувачи на претстави во дворецот Виндзор, а публиката ќе има можност да ја следи историјата на кралицата Елизабета Прва, се’ до денес.

кралица елизабета втора
Фото: EPA-EFE/STRINGER UK AND IRELAND OUT

Освен овие настани, ќе има повеќе различни церемонии, од поворка до марш и палење на свет оган, но и јубилеен ручек. Учениците од целата земја се поканети да направат колаж од нивните замисли и надежи за планетата во наредните 70 години, а дел од нивните проекти ќе бидат истакнати на прославата.

Од јули, во кралските резиденции ќе бидат поставени три изложби, за да го одбележат доаѓањето на кралицата на тронот, нејзиното крунисување и годишнините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот