Крадец од Скопје уапсен во Штип, полицијата во „БМВ-то“ му го најде пленот

Полиција / Фото: МИА

На 08.12.2021 околу 08.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Н.К.(44) од Скопје, информираат од МВР.

Тој бил баран со потерница поради постоење основи на сомнение дека е сторител на две кривични дела „тешка кражба” на подрачјето на општина Гази Баба во Скопје.

„При преглед над него и контрола во возилото „БМВ” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 4.960 евра, разновиден златен накит, два мобилни телефони, а исто така, било одземено и возилото“, велат од полицијата.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а по негови насоки и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот