Ковид-19 во САД предизвика зголемување на вкупната стапка на смртност за повеќе од 15 проценти во споредба со 2019 година

Фото: EPA-EFE/LUONG THAI LINH

Коронавирусот предизвика зголемување на вкупната стапка на смртност за повеќе од 15 проценти во споредба со 2019 година. Таа стапка не е зголемена од 2017 година.

Ковид-19 беше трета водечка причина за смртност во САД во 2020 година, по кардиоваскуларни болести и рак, според податоци на американските здравствени власти.

Коронавирусот предизвика зголемување на вкупната стапка на смртност за повеќе од 15 проценти во споредба со 2019 година. Таа стапка не е зголемена од 2017 година.

Вкупно, повеќе од 3,3 милиони луѓе починаа меѓу јануари и декември 2020 година во САД, објави Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Во однос на населението и возраста, 828 лица починале во 2020 година на 100.000 жители, за разлика од 715 во 2019 година, што е зголемување за 15,9 проценти.

Меѓу оние кои починале, повеќе од 377.800 починале или веројатно починале од Ковид-19.

За споредба, срцевите заболувања се причина за смрт на околу 690.000 луѓе истата година во САД, а ракот 598.000.

Стапката на смртност поврзана со Ковид-19 е најголема кај црнците и индијанците.

Неделите кога беше забележан најголем број на смртни случаи од Ковид-19 беа во април и декември или во екот на пролетта и зимата, утврдија здравствените власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот