Ковид-19 кај западниот сосед: Албанија денеска со рекордни 836 заразени и 15 починати лица, меѓу кои и 16-месечно бебе

Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Албанија повторно бележи негативен рекорд на заразени и на починати пациенти од ковид-19 во едно деноноќие, а во смртните случаи за последните 24 часа е заведено и 16-месечно бебе

– Во изминатите 24 часа е регистрана највиска бројка на заразени во еден ден. Од направените 2.677 тестови, вирусот е дијагностициран кај 836 лица што е над 31 отсто од тестираните. За жал, забележана е најголема бројка и на починати лица – 15, сите во болнички услови, меѓу кои и 16-месечно бебе, информираше Министерството за здравство и социјална заштита.

Од почетокот на пандемијата, во Албанија се направени 168.294 тестови, ковид-19 е дјагностициран кај 31.459 лица, оздравеле – 15.055, досега починаа 672, а активни на болеста се 15.732 лица.

Посочувајќи ја сериозната епидемиолошка состојба, Министертвото апелира на строго почитување на мерките за да не мора да се воведува целосен карантин.

Опозицискиот лидер Љуљзим Баша, денеска обвини дека властите нереално ги прикажуваат бројките на починати од ковид-19, посочувајќи дека во периодот март – октомври починале 923, а не 509 лица, како што официјално потврдуваат властите. Додаде дека за сите починати тој располага со лични податоци, денот на приемот во болница и денот на смртта.

Ваквите тврдења ги отфрлија од ковид болниците, реакција од мртовечницата нема, а премиерот Еди Рама оцени дека Баша го користи коронавирусот за ниски дневно-политички цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот