Ковачевски со нова понуда до Гаши

Гаши-Ковачевски
Фото: МИА

Премиерот Димитар Ковачевски на средба која е во тек, го информира претседателот на Алтернатива Африм Гаши за преговорите со Алијанса за Албанците за влез на опозициската партија во Владата и понудата до Алтернатива да остане дел од владиното мнозинство, брифираат за „Слободен печат“ од преговарачките тимови.

Министерот за здравство Беким Сали денеска изјави дека сè уште не добиле конкретна понуда од премиерот.

„Се` уште немаме конкретен предлог на маса за нашите позиции во идната влада доколку би се формирала“, изјави Сали.

Министерот додаде дека доколку има проширување на мнозинството, сè уште немаат информација ниту кои се позициите кои Алијанса за Албанците ги има обезбедено и затоа, како што рече, не може да коментира кои се нивните позиции

Премиерот Ковачевски вчера потврди дека ќе има средба со Гаши и дека се надева на позитивен исход од разговорите.

„Алтернатива е значаен партнер на Владата. Имам исклучително високо мислење за сите коалициски партнери. Денеска и утре ќе разговарам со Алтернатива, со Гаши со неговите колеги и се надевам на позитивен исход од разговорите за да може сите заедно да продолжиме кон градење на коалиција која се залага за европска Македонија“, рече Ковачевски на новинарско прашање што ќе му понуди на Гаши за да остане во Владата.

По средбата меѓу Ковачевски и Гаши, попладнево се очекува средба на преговарачките тимови на СДСМ и на Алијанса за Албанците за дефинитивно да се прецизираат ресорите со кои ќе раководи партијата на Арбен Таравари како нов владин партнер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот