Ковачевски: Ќе ги искористиме сите правни можности за отстранување на таксата за транспорт на руски гас низ Бугарија

Гасна централа /EPA/ROMAN PILIPEY

Според премиерот Димитар Ковачевски, таксата за транспорт на руски гас низ Бугарија во износ од повеќе од 10 евра за мегават час е нелегална и порача дека Македонија ќе ги искористи сите правни можности што се на располагање располагање за да ја отстрани.

Се работи за нелегално воведена такса која треба да се отстрани или да биде зголемен капацитетот на постоечкиот гасовод со што би се овозможило земјава да се снабдува од други извори. Ние ќе ги искористиме сите правни можности кои и се даваат на една суверена држава и пред ЕУ и пред другите меѓународни институции, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата на Србија заедно со српската премиерка Ана Брнабиќ.

Тој нагласи дека се работи за нелегална такса која ЕУ ја воведе за транспорт на гасот низ Бугарија.

-Сите сакаат да кажат дека тоа е такса која ја воведе Бугарија. Тоа е точно. Но, мораме да знаеме дека Бугарија е членка на ЕУ и не може таа од утрото да биде земја – членка на ЕУ кога ќе стави на пример вето, а попладне да не биде членка и потоа да воведе такса од 10 евра за гасот кој се транспортира низ Бугарија, прецизира Ковачевски.

Премиерот информираше дека ова прашање го упатиле и до ЕУ и до Бугарија.

– Она што Северна Македонија има како дополнителен проблем со воведувањето на оваа такса е што целиот капацитет на гасот и интерконекторот во Жидилово на границата со Бугарија, кој е единствен што во моментов го имаме, е даден во стопроцентен закуп на Газпром од страна на Бугарија. Минатата година успеавме да го зголемиме капацитетот на тој гасовод и да обезбедиме снабдување со гас и од други извори, а не руски. Набавувавме гас од Азербејџан, од САД, а тоа барање го имаме и оваа година тој капацитет да се ослободи за да набавуваме и од други извори на гас покрај рускиот, истакна Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот