Ковачевски е слеп поклоник и послушник на политиките на Заев, вели Мицкоски

Христијан Мицкоски / Утрински брифинг
Христијан Мицкоски / Утрински брифинг

Од тоа што го слушам во јавноста, политиките што ќе ги води Димитар Ковачевски се исти, изјави лидерот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5.

„Јас не видов тој да каже ова ќе го работам, од ова ќе се оградувам“, рече Мицкоски.

„Првиот впечаток е дека тој, Димитар Ковачевски се поклонува на заевизмот и политиките на Заев. Ако тој е слеп поклоник на политиките на заевизмот тогаш се е исто. Погледнете каков декор е. Каков декор беше на средбите со Заев во Елбасан“, рече Мицкоски.

Според него, сега нема ништо ново, туку само „слеп поклоник и послушник на политиките на Заев“.

„Затоа и за него ќе биде добро да излезе на избори. Добро ќе биде за него да излезе од сивилиото на Заев и да побара поддршка од граѓаните, да излезе на избори и да каже што ќе работи и да граѓаните да кажат што мислат за програмата и тоа што мисли да го работи“, посочи Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот