ВИДЕО | Котлар-Трајкова најави дека ќе ги ревидира ДУП-овите во Центар ако стане градоначалничка

Наташа Котлар-Трајкова / Фото: Скриншот, Фејсбук

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничка на Општина Центар, Наташа Котлар-Трајкова, во вечерашната дебата на телевизијата Канал 5, на која гостува и нејзиниот противкандидат од СДСМ, Горан Герасимовски, изјави дека се залага за ревизија на деталните урбанистички планови во општината.

– Колку што ми е познато мене, од 31 ДУП, само четири се ревидирани. Постоеше една амбициозна, да речам програма, којашто требаше да биде во насока на оној термин – мораториум, меѓутоа бидејќи тоа не е уставно, одеа како што одеа работите. Мислам дека треба да се ревидираат сите ДУП-ови, мислам дека последниот што го прочитав податок беа 22 ДУП-а и 11 елаборати во однос на ситуацијата со Холидеј Ин. Мислам дека овдека треба да се интервенира, затоа што проблемите кај нас се и во Законот за градежништво и Законот за урбанистичко планирање, значи сите аномалии ни се во тоа, рече Котлар-Трајкова.

Таа додаде дека треба сериозно да се интервенира во урбанистичките планови.

– Наводно Општината изготви 11 елаборати, меѓутоа добија одговор од страна на министерството дека тоа не се прифаќа и се даде пас да се градат тие две станбени згради од 20 ката и една деловна од 16 ката. Меѓутоа тоа е една играрија, бидејќи знаеме дека можеби е намерна грешка, наместо да се повикаат на определен член во одбраната на тие ДУП-ови одеа по погрешен член 35. Колку што знам и ДКСК во врска со овој проблем веќе поднесе иницијатива до Обвинителството. Ќе ве молам, јавен интерес мора да биде и фактот дека некој девет пати ви го зголемува бројот на населението на определен простор и тоа создава проблеми во инфраструктурата, образовна, социјална, рече Котлар-Трајкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот