Костадиновска-Стојчевска: Скопје мора да доживее ослободување од стиропорот и невкусот на „Скопје 2014“

Во 2023 година ќе се одбележуваат 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, а министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска најави дека „на 60-годишнината Скопје мора да доживее т.н. ослободување од стиропорот и невкусот на Скопје 2014-та”.

– Скопје е нашата престолнина со која претендираме да станеме европска престолнина на културата во 2028 година…, рече министерката за култура на денешната панел дискусија на конференција „Година на нови можности“ .

На панелот таа посочи и дека вработените во културата имаат достоинствени плати.

– Пред една година кажав дека фокусот на мојот мандат е инвестирање во живата култура. Верувам дека најдобитната комбинација е капитални инвестиции, но и инвестирање во човечкиот капитал кои мора да одат чекор во чекор, рече Костадиновска-Стојчевска на панелот „Капитални и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на живот и развој на културата во услови на криза”.

Таа соопшти дека во оваа година ќе бидат одбележани неколку јубилеи: еден век од раѓањето на Ацо Шопов, што ќе почне на 21 март во седиштето на УНЕСКО во Париз, 120 години од Илинденско востание, од смртта на Гоце Делчев и Питу Гули, од објавувањето на „За македонските работи” на Крсте Мисирков и 70 години од формирањето на Институтот за македонски јазик кој го носи неговото име…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот