Костадинов го дообјаснува Заев: Суетниот новинар наместо да пријави, злоупотребува луѓе објавувајќи колумни

Портпаролот и пратеник на СДСМ Костадин Костадинов денеска се обиде да објасни што сакал премиерот Зоран Заев да каже кога синоќа рече „еден суетен новинар“.

– Знаеме дека институциите, од доаѓањето на оваа влада, не служат како алатка за репресија кон новинарите. Ги знаеме светските индекси кои што ја мерат слободата на изразување, слободата на говор, кажуваат и покажуваат реален раст во однос на слободата на изразување. Ние немаме никакви проблеми во однос на слободата на изразување. Апсолутно, кога се однесува за нешто, каде што некој новинар вели дека имал докази и притоа истите докази не ги пријавил во обвинителството.Туку, наместо да ги пријави, за лична корист, сакајќи да привлече внимание спрема себе, злоупотребува луѓе, објавувајќи некакви колумни. Веројатно, во таа смисла, беа искажани и зборовите „суетен новинар“. Ние немаме никакви проблеми со слободата на говор, ниту пак на било кој начин, пробуваме да работиме на штета на слободното изразување на новинарите. Тоа е евидентно, тоа се приметува – објасни Костадинов.

На прашање дали ќе се огради од изјавата на премиерот тој рече: Суштината во изјавата на претседателот и премиер, Зоран Заев, беше многу јасна и многу гласна. Дека конечно правда во Македонија ќе има. Дека правна држава конечно ќе профункционира. Без разлика кој го правел криминалот, без разлика дали се политички обоени или не се, секој кој што се огрешил пред законот, ќе одговара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот