Косовската министерка потврди: Вучиќ ќе може да влезе во Косово кога ќе се извини за масакрите

Министерката за надворешни работи во Косово, Мејиза Харадинај-Стубла, на Твитер објави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, нема да добие дозвола за посета на Косово сè додека „не се извини за геноцидот извршен врз народот на Косово“.

„Немате дозвола да го посетите Косово сè додека не се извините за геноцидот извршен врз нашиот народ и додека одговорните за тој геноцид не бидат изведени пред лицето на правдата“, напиша Стубла на својот профил на Твитер.

Министерката реагираше по изјавата на Вучиќ кој во вторникот за медиумите изјави дека „се чувствува горд“ што е претседател на земја која 21 година по војната даде дозвола да изврши ископувања на масовна гробница со тела на Албанци убиени од српската војска и полициските сили.

ВИДЕО | Дачиќ: Што да правиме со Србите што поткажуваат масовни гробници?

Минатата недела експерти за судска медицина и на Косово и на Србија објавија пронаоѓање на масовна гробница во каменолом во Кизевак Србија, под сомнение се закопани Албанци убиени за време на војната во Косово 1998-1999 година, чии останки биле испратени во Србија во обид да се избришат трагите од военото злосторство. Откако беа пронајдени човечки остатоци, косовскиот министер за надворешни работи Харадинај-Стубла рече дека побарала дозвола да ја посети локацијата, но нејзината посета не била одобрена од српските власти. Како одговор, српскиот претседател испрати барање да го посети Косово, што беше одбиено од косовските власти.

„Јавно го прашувам Вучиќ, како член на семејство погодено од геноцидот на Србија во Косово: Дали сте се чувствувале горди кога седеле на маса биле донесени одлуки за извршување злосторства врз Албанците на Косово!“ – напиша Харадинај-Стубла на Твитер. Косовската министерка за надворешни работи напиша и дека помина времето кога Вучиќ и Србија го користеа Косово како платформа за политичко шоу.

 

Заладени односи: Косовско МНР не му дозволува на Вучиќ да го посети Косово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот