Косово: 294 новозаболени од ковид-19 и девет починати во последните 24 часа

Приштина, Косово / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Во Косово изминатото деноноќие се регистрирани нови девет смртни случаи како последица на Ковид-19, а во истиот период има и 294 нови случаи на зараза, кај кои е откриен коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последните официјални статистики, досега од појавата на епидемијата, во земјата вирусот е откриен кај вкупно 56.412 лица, од кои починале 1.420 заразени.

Во изминатите 24 часа, согласно последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, како излекувани од болеста се евидентирани 280 лица кои претходно биле дијагностицирани со ковид-19, со што бројката на оние кои ја совладале болеста достигна до 49.713.

Активни во моментов, според официјалните податоци, се 5.279 случаи.

Вчера се извршени 1.729, а вкупно досега 211.689 тестирања со методот РТ-ПЦР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот