Космонаутко за ковид состојбата: Личи на бескрај, но се’ има свој крај, долго е, но ќе заврши, сакам да речам уште утре
Личи на бескрај, но се’ има свој крај. Долго е, но ќе заврши. Јас сакам да можам да речам уште утре. Најбитно е сите вие и понатаму да се чувате, да внимавате, да ги сочуваме тие со и околу нас и што побрзо да се видиме во живо, вели најпознатиот медицински техничар Денис Јанкуловски или попознат како космонаутко на својот Фејсбук профил за моменталната состојба со коронавирусот.
Според него после оваа криза многу работа ќе имаат психијатрите, психолозите и сите стручни лица кај кои можеме да се обратиме за да ни помогнат да ги пребродиме тешкотиите со кои секојдневно се соочуваме и кои секојдневно ги складираме. Нешто што американците го викаат посттрауматски синдром, овде можеме да го наречеме посткоронски синдром.
-Ќе треба многу муабети, разговори, саати па и денови, може и месеци што апсолутно не е страшно, напротив, баш е потребно и добредојдено, не треба ниту страв ниту срам за да им се обратиме, затоа се тие тука. А тие знаат што треба да направат, вели тој во својата објава.