Кошаркарите на Партизан по огромен пресврт го совладаа европскиот шампион во Истанбул

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Партизан стигна до голема и важна победа во Истанбул откако го совлада актуелниот шампион во кошаркарската Евролига, Анадолу Ефес.

Играчите на тренерот Жељко Обрадовиќ на паркетот во Истанбул го совладаа турскиот клуб со конечен резултат 97:84, иако домаќините имаа дури „+17“ позитива во текот на првата четвртина (23:6).

По овој триумф, српската екипа има моментно учинок од 16-13 и е во многу добра позиција пред последните пет натпревар во регуларниот дел од Евролигата кога е во прашањето пласманот во доигрувањето.

Од друга страна, двократниот шампион на Европа сега е на 14-15 и му претстои голема борба во трката за место во плеј-офот.

Кај стрелците во победничките редови Американецот Пантер постигна 19 поени, а неговиот сонародник, но на спротивната страна Клајбурн реализираше 22 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот