Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во Битола по титула

фото: kfsm.mk

МЗТ Скопје Аеродром го дели една победа од одбрана на титулата во македонското кошаркарско првенство, или вкупно 10-та во својата клупска историја.

Играчите на Васко Атанасов водат со 2:0 во финалната серија против Пелистер, а денеска ја имаат првата „меч-топка“ за освојување на шампионскиот трофеј од 18.30 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Судии на мечот ќе бидат А. Павлов, И. Мијалковски и Т. Панов, а делегат и контролор се Д. Ивановски и Д. Терзовски.

Од една страна Пелистер се очекува да ја има поддршката од навивачката група „Чкембари“, а од друга верните „Фемили“ за МЗТ.

Потсетување дека во вториот дуел најзаслужен за триумфот на „штрковите“ беше Војдан Стојановски со 23 поени во СЦ „Јане Сандански“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот