МЗТ Скопје Аеродром е на само еден чекор до новата 10 шампионска титула

фото: kfsm.mk

МЗТ Скопје Аеродром и по вторпат во СЦ „Јане Сандански“ во финалната серијата од Првата македонска кошаркарска лига го совлада Пелистер овојпат со 75:67.

Во првите 20 минути играчите на МЗТ не блескаа, но премногу лесно стигнаа до позитива од 15 поени (42:27) како што стоеше на семафорот во 17 минута од играта.

И по три четвртини, МЗТ Скопје беше „мирен“, на позитива од 12 поени (62:50), а во оној последен дел, бранителот на круната подобро одиграа битолчани.

По една серија на грешки на „сино-белите“, Пелистер стигна на достижна негатива, од само шест поени (63:69), а нешто потоа и 65:71. Имаа три напади гостите таа негатива да ја сведат на уште пониска. Но, само до моментот кога В. Стојановски го направи потегот на вечерта, односно поделен на „два дела“.

фото: kfsm.mk

Прво нашиот репрезентативец освои една топка во својот рекет, а во истата акција ја погоди и клучната тројка, за 74:65, со која ја потврди втората победа во финалето за екипата која го брани пехарот.

На тој начин „металците“ предводени од тренерот Васко Атанасов се најдоа на чекор од одбрана на титулата, или вкупно 10 шампионска во нивната клупска историја.

Најефикасен во победничките редови беше В. Стојановски со 23 поени, следен од А. Абу кој запиша 15. На спротивната страна за битолската екипа А. Маслинко имаше „дабл-дабл“ учинок од 16 поени и 10 скока, додека К. Карпентер имаше 14 поени, и пет скока и асистенции.

Следниот трет меч ќе се игра во Битола на 4 јуни кога МЗТ ќе ја има првата „меч-топка“ во обидот да ја освои титулата оваа сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот