Коронавирусот не познава позиција, заразен и претседателот на Хондурас

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Претседателот на Хондурас, Хуан Орландо Хернандез е заразен со коронавирусот, прима терапија и ќе работи од дома со помош на соработник, било соопштено од неговиот кабинет.

„Како претседател на нацијата и одговорен граѓанин сакам да кажам дека за време на неделава почнав лошо да се чувствувам и денес сум дијагностициран со вирусот Ковид-19“, рекол Хернандез за време на телевизиското обраќање на нацијата, пренесува Ројтерс.

Според неговите зборови, тој има благи симптоми и од примената терапија веќе се чувствува подобро, но ќе остане во изолација до одлуката на лекарот.

Како што додал, тој прима коктел на лекови меѓу кои се микродацин, азитромицин, ивермектин и цинк. Се додава дека со вирусот се заразени и неговата сопруга и двајца соработници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот